Пијан малолетник со ногарка од маса му скршил два заба на постар кратовчанец

На крстосницата од улицата „Септемвриска“ и улицата „11-ти Октомври“ во Свети Николе, се случил инцидент кога 16-годишниот С.И. од Свети Николе, без никаква причина го нападнал 47-годишниот Р.И. од Кратово.

Бесниот малолетник со ногарка од маса го удирал кратовчанецот во пределот на лицето при што  му скршил два заба.  

Откако го претепал кратовчанецот, малолетникот заедно со неговиот брат Н.И. се вратил на местото на настанот, збеснал и искршил возило “Форд Ескорд“ .

При проверката, полицајците утврдиле дека кај светиниколчанецот имало 1,56 промили алкохол во крвта. 

03.11.2013 - 13:23
Фото: 
евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега