Утре сончево но посвежо време

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми особено во крајните северозападни делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 18 до 23 степени.

Во Скопје и околината претпладне се очекува да има магла и ниска облачност, а во попладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

02.11.2013 - 15:42

најчитано сега