Кочани: Со железна шипка му скршиле две ребра

Еден час по полноќ пред кафеаната „Кај Столе“ на Градскиот плоштад во Кочани, 23-годишниот С.А. со железна шипка физички бил нападнат од страна на кочанчаните  Б.О., М.О. и Ѓ.О.

Насилниците крвнички го тепале младото момче при што од ударите со железната шипка му скршиле две ребра.

Полицијата трага по насилниците, а момчето е задржано на лекување во болница.

02.11.2013 - 13:37

најчитано сега