Индискиот гигант Субрата Рој нема забрана за патување во странство

Само два дена откако медиумите објавија дека индискиот гигант Субрата Рој имал забрана за патување надвор од Индија, истата вест е корегирана бидејќи Врховниот суд му дозволил на главниот човек на Сахара да оди и во странство.

Пред неколку денови судот одлучи доколку Сахара во рок од три недели не ги поднесе документите, Субрата Рој да не може да патува во странство. Оваа одлука беше ставена на веб страната на судот, како предупредување за индискиот тајкун, но по приговорот поднесен од адвокатскиот тим на Сахара, се појавува ивистинската одлука според која  забраната за патување се уште не е активирана.

СУдот со донесувањето на оваа одлука има за цел да изврши дополнителен притисот врз Сахара за забрзано плаќање на се уште недокажаниот долг. 

 

02.11.2013 - 12:24
Фото: 
Новатв.мк

најчитано сега