Мозочен удар е причината за смртта на 29-годишниот битолчанец

Причината за смртта на 29-годишниот  Пеце Стојчевски од битолското село Кравари било мозочно крварење или прскање на неуризма.

Како што пренесува Алфа, ова е утврдено во обдукцискиот наод на битолските патолози откако младиот Пеце кој зад себе остави две малолетни дечиња, ненадејно почина во болница во Битола каде бил примен со мала температура, главоболка и настинка. Пеце бил сместен на одделението за заразни болести, каде постојано бил на инфузија. 

Истрагата треба да утврди дали постои некаков пропуст во болничкиот третман на Стојчевски.

02.11.2013 - 10:36

најчитано сега