ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска за пет години направила 5 стана од половина милион евра
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека освен што Радмила Шеќеринска поставува прашања за имотна состојба на членови на ВМРО-ДПМНЕ, треба да даде и одговори на некои прашања.
- Во имотниот лист на Радмила Шеќеринска сите можеме да видиме дека таа и нејзиниот сопруг имаат недвижен имот кој навистина е огромен. Радмила Шеќеринска со својот сопруг имаат 4 стана во Скопје и еден во луксузниот дел на Охрид, во вкупна големина од 389 метри квадратни. Јас искрено и не познавам друга фамилија која во Скопје и Охрид, во урбаниот и централен дел на градот има толку голем недвижен имот. Ако имаме во предвид дека тој имот има висока вредност, просечно по 1 300 евра за метар квадртен, тогаш доаѓаме до факт дека само становите на семејството Шеќеринска вредат најмалку 505 700 евра со што фамилијата Шеќеринска-Јанковски само во станови има пола милион евра, велат од ВМРо-ДПМНЕ.
ОД партијата потенцираат дека Шеќеринска со овие станови се стекнала во периодот од 2006 до 2011 година и за само пет години добила пет стана во вредност од најмалу 500 000 евра, во период кој е веднаш после периодот во кој Радмила Шеќеринска беше потпретседател на Владата на Република Македонија.
- Знаеме дека г-ѓата Радмила Шеќеринска денес ќе се оправдува со бизнисот на нејзиниот сопруг. Но треба да знае пред да заглави, дека ќе мора на јавноста да и покаже и докаже дека нејзиниот сопруг остварува многу високи приходи. Нема никој да верува на празни муабети. Треба да видиме дали е возможно бизнисмен како сопругот на Шеќеринска може да заработи толку многу пари или неговиот бизнис е само покритие за нешто друго. Само еден од овие станови е со површина од 178 м2, вреден скоро 200.000 евра. Тоа е онолку колку што на четири семејства им е потребно. Освен овој имот, на анкетниот лист на Радмила Шекеринска може да се види дека г-ѓата Шекеринска има и неколку девизни и денарски сметки на кои не е посочен износот на пари кој што таа го поседува во комерцијални банки во Македонија, како и уметнички дела за кој исто така не е посочена вредноста, велат од партијата.
Од Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бараат Шеќеринска да одговори на овие прашања.