Официјално пуштени во употреба новите простории на ДУТ

Во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово денеска официјално беа пуштени во употреба новите простории на Факултетот за уметности на ДУТ.

На свеченоста присуствуваа ректорот на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети и заменик министерот за образование и наука, Сафет Незири.

- Овие академски простории што ги отвораме денеска опфаќаат површина од 840 метри квадратни при што има 10 предавални, универзитетска книжарница, два кабинета за академскиот кадар, две канцеларии за административни потреби на Факултетот и една современа театарска сала со 110 седишта. За завршување на овие простории ДУТ вложи 12 милиони денари сопствени средства со што се создаваат современи услови за изведување на соодветниот наставно - научен процес во согласнот со стандардите и современите барања на високото образование за профили од областа на уметноста, рече ректорот Амети.

- Сега останува на студентите со своето залагање и работа да го дадат својот придонес за да се изградат во квалитетни кадри во областа на уметноста. Нашата поддршка на инвестициите во високото образование вклучително и ДУТ секогаш биле приоритет и така ќе биде и во иднина, изјави Незири.

 

31.10.2013 - 14:43
Фото: 
Факултети.мк

најчитано сега