Ги однела сопругот и пријателот на ДНК тест во Скопје - кој е татко на детето?

 

Кој е вистинскиот татко на детето? За да ја разреши оваа дилема мајката одлучила  да се направи ДНК анализа. На Институтот за судска медицина дошла со двајца мажи, јавува Сител.

На крај се испоставило дека детето е од пријателот, а не од сопругот. Ова е само еден од случаите за утврдување на фамилијарно сродство во Македонија.

Форензичарите успеале да откријат и инцест во 8-мата недела од бременоста. Девојката ја силувал чичкото. Неможат да го заборават ниту случајот кога кај нив дошле брат и сестра бидејќи жената се сомневала дека е посвоена.

-На крајот се потврди дека се вистински брат и сестра, вели асс. Рената Јанковска Ајановска од Институтот за судска медицина.

Годишно во земјава се прават над 100 вакви анализи. Најчесто за утврдување на татковство. Освен на Судска медицина испитувања се прават и во истражувачкиот центар во МАНУ.

- Најчесто се вршат вакви анализи поради судско барање и за утврдување на идентитетот на детето за запишување во книгата на родени, а по барање на министерството за труд и социјала и невладини организации, вели д-р Емилија Шукарова Стефановска, научен соработник во МАНУ.

Македонија ја има една од 10-те најдобри лаборатории во светот за вакви анализи. Судска медицина има и меѓународен сертификат. Се анализираат искчлучиво примероци од крв и брис од уста.

-За утврдување на татковство не вршиме анализи на ДНК од  плунка,влакна, и слично, вели  доц.-д-р Златко Јаќовски од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Резултатите се добиваат за ден,два. Во најголем процент било потврдено татковството, но имало и случаи кога се докажало спротивното, па мажот бил шокиран и лут.

За испитувања на татковство на Институтот за судска медицина задолжително е присуство и на мајката и на детето. Токму поради ова и покрај интересот многу татковци се откажале од намерата да дознаат дали се родители на детето.

Но, можеби причина се и парите бидејки ДНК анализата чини околу 500 евра

30.10.2013 - 23:24

најчитано сега