Скандал: Масовно труење со салмонела во скопска градника

Четири деца кои биле згрижени во иста градинка во скопска Автокоманда со симптоми на труење биле примени на Инфективната клиника, јавува Zdravstvo24.

Две се бебиња на едногодишна возраст. Кај три од децата била изолирана бактеријата “салмонела”, а за четвртото се чекаат анализите.

Сите четири деца по укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување и се чувствуваат подобро, велат за zdravstvo24.mk од Инфективната клиника.

Децата престојувале во градинката „Детска радост“ и нејзините клонови во населбата Автокоманда. Кујната која ги снабдува сите 5 градинки со храна денеска беше затворена.

Инспектори од санитарниот и здравствен инспекторат и од Агенцијата за храна зеле брисеви од повеќе површини од објектот за да се утврди дали изворот на заразата е во градинката.

Резултати најавија за неколку дена. Од градинката тврдат дека ги презеле сите мерки да ги заштитат децата.Од Детска радост потенцираат дека додека не бидат готови резултатите неможе да се каже дека децата се затруле од храната во градинката.

30.10.2013 - 21:18

најчитано сега