Мавровското езеро и Радика порибени со 15.000 парчиња пастрмка
Реката Радика и Мавровското езеро денеска беа порибени со поточна пастрмка (salmo faroides).
- Акцијата е во рамки на надлежностите и планови за заштита и оваа сезона извршивме порибување на четири локации. Тоа е една од активностите за одржување и збогатување на рибниот фонд на територијата која е под надлежност на паркот, рече Онер Јакуповски директор на НП „Маврово".
Изминативе шест години, водотеците во најголемиот национален парк во Македонија се порибени со над 300 илјади парчиња риба.
30.10.2013 - 12:40
Фото:
охридњуз