Докторите му го спасија животот на 2 годишното девојче кое вчера настрада во сообраќајка во Брвеница

 

Се стабилизира состојбата на 2 годишното девојче кое вчера беше тешко повредено во сообраќајката во тетовска Брвеница. Спроед информациите до кои дојде Press24 од болнички извори, таа била оперирана и во текот на денот треба да биде префрлена на детската клиника.
Вчера била примена во критична состојба со повреди на главата и голем број скршеници по телото.
Сообраќајката се случи на региналниот пат во Брвеница кога во автомобил марка Лада практично собра 3 лица кои се движеле по патот. 2 годишното девојче, кое имаше најтешки повреди неговата баба го возела во количка.

Повеќе на оваа тема

ФОТО: Ја превртивме Ладата за да го спасиме детето заглавено во количка

Прегазил две дечиња со својата Лада - страотна несреќа во тетовско

30.10.2013 - 11:51

најчитано сега