Тунелот кај Катланово 4 часа без струја
Тунелот Катланово (Бадар) на патниот правец Скопје - Велес (М1) денеска од 10:30 до 14:30 часот ќе биде без напојување со електрична енергијa поради изведување работи на електричната мрежа од страна на ЕВН, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Долж патниот правец А-1, на делницата Миладиновци-Куманово во двата правци, од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, почнуваат теренски активности (геодетски и геомеханички истраги). До 2 ноември ќе се работи од село Агино до село Романовце во перидоот од 06:00 до 19:00 часот, а сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќајот ќе биде поставена 24 часа на трасата.
Изведувањето на градежно-асфалтерски работи на патниот правец Фурка - Дојран е завршено, со што, според АМСМ, сообраќајот е нормализиран.
На 7 овој месец почнaа градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, пред се на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата