Исплива нова снимка од Ѓоковиќ од кобниот потег: Навивачите изреволтирани поради историската неправда (ВИДЕО)

 

Навивачите на Новак Ѓоковиќ не можат да се помират со фактот дека најдобриот тенисер во светот е дисквалификуван од УС-опен.

Сметаат дека одлуката на супервизорите на натпреварот е скандалозна, неправедна и дека Србинот едноставно не го доби третманот кој го заслужува.

Да потсетиме, Новак е дисквалификуван од натпреварот поради тоа што за време на истиот со топче случајно удри линиски судија. Иако беше јасно дека српскиот ас немал намера да повреди некого, после кратка дискусија донесена е одлука да биде дисквалификуван од натпреварот.

Главниот судија Соред Фримен рекол дека дисквалификацијата била неизбежна, бидејќи одлуката се заснова на фактот дека Новак удрил со топчето од бес. Сметаат дека Новак неодговорно, во бес, на опасен начин удрил со топчето.

Навивачите на првиот рекет објавиле снимка која докажува дека тоа не е вистина. Точно е дека Србинот ја погодил судијката, но кога ќе се прегледа снимката, на сите им е јасно дека казната била престрога.

На снимката убаво се гледа дека Ѓоковиќ не удрил со топката 'бесно', туку дека ја извадил од џеб и им ја фрлил на собирачите на топчиња на крајот од гемот, како што прави секогаш. Поради сплет на несреќни околности, завршила во вратот на линиската судијка, која не изреагирала на соодветен начин.

„Сè уште се обиувам да видам како тоа луѓето дефинираат 'бес', 'лутина', 'силина', на снимкава“, се запрашала една навивачка на Новак, која објавила интересна снимка.

Многумина се согласиле со неа.

„Му благодарам на Бога што постои технологијата. Новата снимка одблизу покажува што се случило. Тука се гледа како Ноле 'во бес', 'силно удира' со топчето и ја погодува судијката. Па, тоа беше крајот на гемот, имаше топче во џебот и им го врати на собирачите. Нè излажаа! Ве молам, споделувајте го ова“, гласи еден од коментарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.09.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега