Скопје: Чекал жени во влез и ги ограбувал
Скопјанец доби 30 дена притвор откако полицијата го осомничи дека во два наврати во влезовите на две скопски згради укрла накит од жени.
Првото кривично дело Р.А. на 19 минатиот месец, околу 15,00 часот на бул. “Партизански Одреди“ во влез пред стан во зграда бр.78 врз лицето С.П. при што и е одземен еден златен ланец средна плетка со привезок (камен-опал). Тешката кражба е извршена на тој начин што Р.А. влегол во влезот и во моментот кога оштетената сакала да го отклучи станот, го грабнал ланецот кој го носела на вратот и потоа го напуштил местото на настанот.
Второто кривично дело пријавениот го извршил на завчера, односно на 24 овој месец околу 10.00 часот на ул.“Руди Чајавец“ пред лифтот во влезот на приземјето од зградата бр.4, врз лицето Т.Љ. додека таа го чекала лифтот. Во моментот кога оштетената ја отворила вратата Р.А. и се обратил со зборовите - “Дали влезната врата од внатре се отвора без клуч“, на што оштетената му одговорила дека се отвора без клуч, и тогаш пријавениот ја грабнал за златното ланче кое го носела околу вратот и од истото и откинал еден привезок со црно камче и опшиен со црни позлатени циркони во форма на бадем, а ланчето останало на неа, по што Р.А. се дал во бегство во непознат правец.