Утврден идентитетот на ресенчанецот што вчера за загина кај Битола

36 годишниот ресенчанец Б.Т. загина, а 58 годишниот албански државјанин С.П. е задржан во Клиничката болница во Битола, по страшната сообраќајка која се случи вчера попладне на крстосницата од регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Ресен.

Според информациите од битолската полиција, до несреќата дошло кога се судриле автомобил „Цитроен“ зад чиј волан бил ресенчанецот Б.Т. и автомобил „Мерцедес“ со албански регистерски таблици управуван од С.П..

- Патничкото моторно возило од Ресен се движело во правец кон Битола, додека патничкото моторно возило на албанскиот државјанин се приклучувало од Битола на регионалниот патен правец во насока за Ресен. На местото на сообраќајната несреќа ресенчанецот им подлегнал на повредите, додека лицето со тешки телесни повреди се лекува во битолската Клиничка болница, вели Магдалена Димитровска од СВР-Битола за МИА.

Бил извршен увид на местото на несреќата, а телото на загинатиот е предаедено на обдукција. Полицијата ќе ги расветлува причините кои довеле до страотната несреќа.

26.10.2013 - 11:20

најчитано сега