Страшна сообраќајка пред Битола: Еден загина еден се бори за живот

Едно лице загина а едно се бори за живот по тешката сообраќајна ненсреќа која вечерва околу 18;15 часот се случила на клучката кај Лукоил во близина на Битола, дознава Press24. Според  информациите, во несреќата учествувале возило марка Цитроен Ц3 со ресенски регистерски таблички и Мерцедес со албански ознаки. Цитроенот се движел во правец од Ресен кон Прилеп, додека Мерцедесот патувал од Битола кон Ресен. Во сообраќајката на лице место починал возачот на Цитроенот додека лицето што управувало со Мерцедесот со тешки телесни повреди е префрлено во болница и лекарите се борат за живот.  Инфрмацијата за Press24 ја потврдија од СВР Битола. Од таму велат дека полициски екипи се уште се на терен но нема информации во какви околнлости се случила несреќата, ниту пак за идентитетот на настраданите. 

25.10.2013 - 20:20

најчитано сега