Избувна пожар во близина на хотелот „Метропол“ во Охрид

Пожар избил во близина на охридскиот хотел „Метропол“, јавува порталот Инпрес.

Според податоците на порталот, пожарот избил денеска на источниот дел од крајбрежјето на Орхидското Езеро, на потегот помеѓу Кардиолошкиот Завод и хотелот „Метропол“, а горат нискостеблести растенија.

Пожарникарските служби веднаш се упатиле на местото на настанот и се обидуваат да ги скротат пламените јазици.

25.10.2013 - 16:00
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега