Министерот Ристовски потпиша декларација за соработка и иновации во Западен Балкан
Ресорните министри од седум држави од регионот меѓу кои и министерот Спиро Ристовски, денеска во рамки на министерската конференција што се одржува во Загреб, потпишаа деклaрација за усвојување регионална истражувачка развојна стратегија за иновации во Западен Балкан.
- Станува збор за исклучително значаен документ, стратегија што предвидува бројни иницијативи и активности за размена на идеи и искуства со цел унапредување на соработката меѓу земјите од регионот и поголeми вложувања во науката и иновациите. Финансиски таа предвидува буџет од 200 милиони евра, средства што ќе бидат обезбедени преку ИПА фондовите на ЕУ и секако од донаторите, изјави за МИА министерот Ристовски.
Во обраќањето на министерската конференција Ристовски го потврди генералниот став на македонската Влада дека вложувањето во науката и научните истражувања треба да се зголемуваат секогаш кога се може.