Планирала да преноќи во хотел но се премислила - детали за смртта на хрватската актерка

 

Популарната хрватска актерка Долорес Ламбаша синоќа го загуби животот на 32-годишна возраст во страотна сообраќајна несреќа. 

Како што пренесува хрватскиот Дневник, убавата актерка пред несреќата објавила статус на соцјалната мрежа Фејбук според кој се открива дека престојувала во Илок каде се сретнала со стара пријателка. Од хотелот велат дека Долорес имала резервирано преноќување, но во последен момент се премислила, ја откажала резервацијата и тргнала кон Загреб. Пред да почине, Долорес се слушнала и со својот татко за последен пат, а двајцата разговарале за нејзината серија која ја снима и за кариерата.

Според тврдењата на осип Самарџиќ, директорот на општата болница каде Долорес се бореше за живот, нтензитетот на повредите на актерката изнесувал над 60 според скалата со која се мерат повредите, што укажува на фактот дека се зафатени повеќе органски системи.

Инаку, младата и убава Хрватица загина по страотна сообраќајна несреќа која се случи на хрватскиот автопат А3.

24.10.2013 - 10:59

најчитано сега