Груевски во Брисел на средба со европските десничари
Македонскиот премиер Никола Груевски од денеска ќе биде во дводневна посета на Брисел, каде ќе се сретне со лидерите на европските десничарски партии. На состанокот покрај Груевски ќе присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој и премиерите на Луксембург Жан Клод Јункер и Андонис Самарас.
Сеуште не се знае дали Груевски ќе се сретне со грчкиот премиер Самарас. Планирана е средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе со кого ќе разговара за забелешките од неодамнешниот извештај на Европската комисија, како и за тоа што Македонија треба да направи пред декемврискиот самит на Унијата.
24.10.2013 - 10:56