Стартува изградбата на регионалниот пат Опае-Бељановце-Станчиќ
На излезот на село Слупчане денеска ќе биде означен почетокот на градежните активности за изградба на регионалната делница Опае-Бељановце-Станчиќ-граница со Косово.
Според најавите, на свеченоста ќе присуствуваат вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, заменик министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.
24.10.2013 - 09:45