Барса понудила 65 милиони и двајца играчи за „новиот Пирло“
Барселона за време на летото ќе се обиде да донесе неколку играчи и да го подмлади тимот, а една од метите е Сандро Тонали.
Станува збор за играч на Бреша кого во Италија веќе го означија како „нов Андреа Пирло“.
Првиот човек на тој клуб, Масимо Челино потврди дека првата понуда веќе стигнала, уште пред почетокот на пандемијата од коронавирусот.
-Барса понуди 65 милиони евра и двајца многу интересни играчи кои се проценети по 7,5 милиони евра, изјави Челино за „Мундо депортиво“ и потврди дека еден од двајцата е дефанзивец.
Таа понуда би можела да биде намалена доколку Бреша испадне во Серија Б, што е реална опција.
Освен Тонали, Барса од претходно работи на тоа да ги донесе Лаутар Мартинез од Интер и да го врати Нејмар од ПСЖ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа