Уапсен струшкиот дрвокрадец кој нападна полициски службеник

Полицијата го уапси 35-годишниот П.В. од струшкото село Велешта, кој се товари дека нападнал граничен полицаец на 17 ноември, пренесе Плусинфо.

За потсетување, на 17-ти овој месец околу 17 часот, на патот во близина на струшкото село Шум, П.В. нападна полицаец удирајќи го со тупаница во пределот на градите и главата, откако полицијата открила дека со неговиот трактор нелегално превезувал шест кубни метри огревно буково дрво.

Инаку, со пријава ќе се соочат и  Е.Ќ., А.Х., Д.В., сите од струшкото село Велешта како и А.Ч. од Албанија поради кражба.

22.10.2013 - 11:08
Фото: 
Лидер.мк

најчитано сега