Фудбалер на Бока ја претепал девојката, а таа објави снимки на Инстаграм (ВИДЕО)
Фудбалерот на Бока Јуниорс, Себастијан Вилја е во големи проблеми бидејќи неговата девојка Даниела Кортес го обвини за физичко насилство.
Тие се во врска две години, а Кортеса истакна дека насилството го повторил неколку пати. Освен тоа, таа одлучи проблемот да го сподели со сите и расплакана им се обрати на следачите на Инстаграм.
-За жал морам ова да го направам зашто ова веќе не се трпи. Две години живееме заедно и ова не се случува првпат. Му опростував и мислев оти ќе се промени, но нема, напиша Кортес.
За колумбискиот фудбалер смета дека е „ѕвер и олош“.
-Ова го објавувам зашто сакам сите да видат како ѕвер и олош е. Имам сведоци за физичко и психичко насилство. Не можам да поверувам дека некој е во состојба да го направи ова. Се плашам дека ќе се случи нешто пострашно. Ова е вистината за Себастијан Вилја, човек кој тепа жени. Јас не сум прва на која ова и го направил. Ја молам државата да ми помогне зашто сакам да бидам со семејството и ќерката, објави Даниела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа