Ферари се закани дека ќе ја напушти Ф1

 

Шампионатот во Формула 1 постојано се одложува поради пандемијата на Ковид-19, па досега девет трки беа откажани и не е познато колку ќе се одржат и дали ќе се одржи сезоната. За да ги преживеат големите финансиски загуби, тимовите мораа да ги намалат трошоците. ограничувањето на буџетот за 2020 година од 160 милиони беше намалена на 135 милиони. Сепак, ФИА планира финансиите да се намалат на „само“ 90 милиони евра.

Оваа идеја ја подели водечката тројка во Ф1. Мерцедес се согласи на предлогот од ФИА, но Ферари и Ред Бул не ги прифаќаат барањата, поради што италијанскиот тим најави дека може да го напушти натпреварувањето.

„Новото барање за намалување на горната граница на буџетот на 135 милиони евра е тешко за нас. Тоа е нешто што не може да се постигне без жртвување, посебно во човечки ресурси. Ако сакаат да се намали дополнително буџетот, тоа ќе нè донесе во позиција да бараме други опции каде може да го покажеме натпреварувачкиот дух“, кажа првиот човек на Ферари, Матија Биното.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега