ЈуТјуб ќе наплаќа за одредени канали

Најпопуларниот видео сервис во светот ЈуТјуб оваа недела ќе овозможи претплата на одредени канали.

Околу 50 канали на тој сервис ќе добијат можност за воведување претплата на своите содржини.

Корисниците кои сакаат да видат одреден видео-материјал ќе мора да платат 1,99 долари на месечно ниво.

За таков потег на ЈуТјуб се зборува веќе неколку месеци, и тоа е еден од начините за проширување на платформата и работењето на тој сервис, а воедно и шанса за дополнителна заработувачка. 

најчитано сега