Стурнарас: Наредните месеци Грција ќе живее во кошмар

 

 

Во наредните месеци, до јуни 2014 година до тогаш треба да се решат сите отворени прашања со меѓународните кредитори, тоа ќе бидат кошмари за Грција, изјави грчкиот министер финансии, Јанис Стурнарас за весникот „Вима“

Изјавата на Стурнарас доаѓа во врска со тврдењата дека претставниците на меѓународната „тројка“ од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, кои се очекува да допатуваат во Атина за продолжување на преговорите во врска со доделувањето на следната транша од милијарда евра, вршеле притисок врз Владата за дополнителни мерки за штедење и за склучување на нов кредитен договор вреден 10 милијарди евра.

Весникот коментира дека тоа се случува година и пол по парламентарните избори во Грција и по „здивот“ што земјата го зема по првиот остварен вишок во буџетот.

„Тројката“ инсистира на продолжување на отпуштањата во државниот сектор и на ново намалување на платите.

„Вима“ објавува и список од 35 точки со барањата на кредиторите, што им се доставени на грчките министри.

- Нов заем ќе земеме само доколку во пакетот нема нови буџетски мерки, истакна министерот за финансии.

Нема никаква логика „тројката“ да бара дополнителни мерки, посочува уште Стурнарас, апелирајќи кредиторите кон Грција да се однесуваат на истиот начин како и кон другите земји кои добија меѓунардона помош за спас

21.10.2013 - 12:21

најчитано сега