Пронајдено телото на удавениот рибар во Тиквешкото Езеро

Телото на удавениот рибар Раде Трајков вчера било пронајдено.

Според информациите од полицијата, вчера околу 13 часот рибар пријавил дека го забележал телото кое испливало на површината на Тиквешкото Езеро.

Полициските екипи веднаш пристигнале на местото и извршиле увид. Телото на Раде е предадено на обдукција.

Несреќата се случи пред 6 дена, кога се преврте чамецот со кој пловеле Трајков и уште еден рибар. Едниот рибар се спасил, но Раде исчезнал во Езерото.

 

21.10.2013 - 10:00

најчитано сега