Албанец на чело на италијанска неонацистичка група

 

Албански државјанин од градот Лежа кој веќе цели 20 години живее и работи во Италија, е на челото на италијанската неонацистичката група „Крв и чест“, јави МИА.

Албанските медиуми, повикувајќи се на италијански дневен весник пренесуваат дека Албанецот Ланди Ѓони, кој досега бил осудуван за шверц на дрога и проституција, освен што е претставник на екстремните фудбалски навивачи, е неприкосновен лидер и на навивачката група „Гли Ардити“ која ја подржува локланата кошаркарска екипа.  

Од него се објавени фотографии на кои тој е со оружје, крв, како и фотографии на кои се поздравува со фашистичкиот поздрав.

 

21.10.2013 - 09:37
Фото: 
А1.он

најчитано сега