Полицијата со солзавец и пендреци против гневните демонстранти - 15 повредени во геј-парадата во Црна Гора
Во Црна Гора во текот на вчерашниот ден се одржа првата Геј-парада во која се повредени 15 лица.
До судирите дошло кога противниците на парадата се обиделе да влезат во зоната низ која требаше да минат учесниците на собирот, при што од сите страни летале камења. Полицијата за разбивање на гневните демонстранти употреби солзавец и палки. Според медицинки извори, во здравствените центри во Подгорица лекарска помош побарале 13 полицајци и неколку цивили учесници во протестите.
Како што јави ИТАР-ТАСС, полицијата привела околу 60 противници на парадата, во најголемиот дел припадници на националистички и екстремно десничарски органзиации.
Меѓу учесниците во поворката беа и црногорскиот министер за човекови и малцински права Суад Нумановиќ, советникот на премиерот за човекови права и заштита од диксриминација Јован Којичиќ и шефот на делегацијата на ЕУ во Подгорица Митја Дробнич.