Струмичани јадеа ајвар на градскиот плоштад

На денешната трета по ред “Ајверијада 2013” што се одржа на плоштадот “Гоце Делчев” во Струмица, посетителите го дегустираа домашниот ајвер послужен од членовите на здружението” Вешта жена” на 10.000 парчиња леб.

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев истакана дека оваа манифестација е место за релаксација, дегустација, но и натпревар за вештите струмички домаќинки.

- Балканот не ќе е Балкан ако не ги замеша своите прсти. Па така се јавија несогласувања за тоа од каде потекнува ајверот. Ние не им се лутиме, но ќе кажеме дека секаде се прави ајвар, само во струмичко се прави највкусниот домашен ајвер, рече градоналникот Заев.

Во натпреварувачкиот дел на годинашната “Ајеријада 2013” учествуваа 87 натпреварувачи, а стручното жири за најдобри по боја и вкус ги награди ајварите на Ристо Стојанов, Кристијан Ѓорѓиев и Убавка Јефтимова, кои добија награди од 300, 200 и 100 евра и признанија од организаторот. 

20.10.2013 - 15:31
Фото: 
црнобело

најчитано сега