Натпреварот Македонија – Косово официјално без публика

 

Поради новонастанатата ситуација со коронавирусот, денеска владата донесе одлука сите натпревари да се играат без публика, а оваа забрана ќе трае во наредните триесет дена.

Историскиот меч за пласман на Евро 2020 на Македонија против Косово во баражот за пласман на континенталниот шампионат и официјално ќе се игра без гледачи, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Дуелот од баражот е закажан за 26 март од 20.45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега