Нема јадење сендвичи во Седмица во Центар

 

Популарната скопска сендвичара Седмица од утрово има клуч на врата. Сите кои сакале денот да го почнат со легендарниот сендвич на скопската сендвичарница наидуваат на заклучени врати пломби и налепници дека објектот е затворен од Управата за јавни приходи. Од УЈП велат дека се констатирани неправилности во делот на готовинскиот промет и фискализацијата. Согласно законот, објектот ќе добие забрана за вршење на дејност во наредните 30 дена и глоба која може да достигне и до 3250 евра.
Од УЈП не успеавме да добиеме информација дали е затворена и сендвичарата во Аеродром но наши читатели велат дека на излогот на сенндвичарата, веднаш под налепниците на УЈП стои известување дека сендвич ќе можете да си купите во Аеродром

најчитано сега