Мајката на Роналдо доживеа мозочен удар
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо преживеа бурна ноќ. Неговата мајка во пет часот наутро била пренесена во болница откако доживеала мозочен удар, пренесуваат португалските медиуми.
Долорес Авеиро (65) итно е пренесена во болницата Др. Нелио Мендоза во Мадеира, а последните информации велат дека во моментов е во стабилна состојба. Таа денеска ќе биде задржана во болница како би и се направиле дополнителни тестови кои ќе покажат во каква здравствена состојба е.
За потсетување таа на крајот на минатата година откри дека повторно и е дијагностициран рак. Долорес тешката болест ја победи во 2007 година, а Роналдо две години потоа во болницата во која се лечеше неговата мајка донираше 100.000 фунти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа