ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е подготвена да ги згази и законите и уставот за да заштити лица кои се сомничат за криминал

 

Политичката партија СДСМ не престанува со притисокот врз судството и судските органи. Тие  и по цена на девалвирање на институциите и законските постапки, продолжуваат да се однесуваат неодговорно само за да го заштитат високиот партиски функционер Мирослав Шиповиќ.

Оваа скандалозна иницијатива која ја покренува СДСМ е директно мешање на законодавната власт во работата на судската власт. Дотолку повеќе што ваквата иницијатива ја промовира универзитетскиот професор Ана Павловска Данева, со што  покажува елементарно непочитување на основните уставни начела во Република Македонија. Очигледно СДСМ е подготвена да ги гази законите и Уставот во Република Македонија само за да заштитува лица за кои постојат основани сомневања дека сториле криминал.

Дополнително, СДСМ ваквите притисоци врз судската власт ги прави без исклучок за случаи каде што обвинети или осудени се лица, кои се дел од нивното раководство, но не и за било кој друг граѓанин.

Во Р.М. се водат стотици и стотици истражни и судски постапки, за различни видови криминали и институциите тоа секогаш го процесуираат според истите закони и процедури. Но СДСМ ги интересираат само постапките кои се водат против нивните највисоки функционери. Тие покажаа дека имаат селективен пристап и дека не признаваат борба против криминалот, доколку се работи за осомничени од нивното раководство.

Жално е што СДСМ ги дели граѓаните на свои високи функционери и сите останати.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

18.10.2013 - 15:03

најчитано сега