Ниту новинарите нема да го следат Интер - Лудогорец
Само на снимателите ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреватот Интер – Лудогорец во реванш натпреварот од 1/16 финалето во Лигата на шампионите.
Натпреварот ќе се одигра утре во 21 часот. Поради епидемијата на коронавирус на северот на Италија, УЕФА одлучи да се игра без публика, а во договор со двата клуба карантинот на „Џузепе Меаца“ е проширен и за новинарите.
УЕФА наведува дека епидемијата на коронавирусот нема да влијае на останатите натпревари од тоа натпреварување.
26.02.2020 - 22:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа