Родителите на Србинот кој прифати да игра за Косово добија отказ од работа
Родителите на Илија Ивиќ, првиот Србин кој го прифати повикот да настапува за некоја од фудбалските селекции на Косово, добија отказ од работа, тврди Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Косово, јави радио Слободна Европа.
Во информацијата од косовската куќа на фудбалот стои дека „ФСК е потресен од информацијата дека родителите на младиот српски фудбалер, кој игра за приштинскиот клуб Фламуртари, добиле отказ во институциите во кои работеле, а кои ги финансира Србија“.
Како што пренесува Радио Слободна Европа, причина за тоа е што 17-годишниот фудбалер од Грачаница прифатил да игра за младинската селекција на Косово.
ФСК ги повика косовските и меѓународните институции, вклучувајќи ги и УЕФА и ФИФА, да реагираат во „спречување такви дискриминаторски појави“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа