Уште еднаш докажа дека е најдобар: Новак излегол пред зграда во Белград и играл тенис со децата од крајот (ВИДЕО)
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ со своето семејство е моментално во Белград, а вчера вечер е снимен како пред зградата во која живее игра тенис во дворот со деца и го воодушеви регионот.
Во спортска варијанта и рекет во раката Новак играл со децата кои живеат во тој крај.
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ одлучи да биде достапен на „обичниот“ свет, а посебно во родната Србија.
Инаку семејството Ѓоковиќ од кога се преселила во новобеоградката населба е вистинска атракција, а соседите имаат само пофални зборови за српскиот тенисер.
18.02.2020 - 11:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа