Ивановски апелира МАН и ЗНМ да ги договорат подзаконските акти на законите за медиуми и аудиовизуелни услуги

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски кој присуствува на меѓународна конференција за човечки ресурси,апелира до Македонската асоцијација на новинари и до Здружението на новинари да ги договорат подзаконските акти за законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги.

- Во повеќе наврати сме упатиле порака до Здружението на новинари на Македонија  да седнеме на маса да се договроиме. Апелирам до двете асоцијации  и до Македонската асоцијација на новинари и до Здружението на новинари да седнеме да ги договориме подзаконските акти од законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги бидејќи токму тие се многу битни во спроведување на терен на која било легислатива, изјави денеска Ивановски, одговарајќи на новинарско прашање што презема за одмрзнување на преговорите со ЗНМ по извештајот од Европската комисија за делот со слобода на медиумите.

 

18.10.2013 - 11:39
Фото: 
мио.гов

најчитано сега