Тетовско: Заработуваат милиони продавајќи украдени гулаби

 

Годинава во тетовско биле извршени повеќе кражби на гулаби со што крадците успеале да се збогатат за околу милион денари.

Како што пренесува Денешен, се почест тренд е кражбата на гулаби, особено гулабите од расите „дунек“ и „масарка“ кои на пазарот можат да достигнат и цена од над 1000 евра. Најголемиот дел од украдените гулаби завршуваат во околните земји.

Досега во тетовско се регистрирани околу 20 кражби од овој тип, но засега не е откриен ниту еден крадец на гулаби од страна на полицијата.

18.10.2013 - 11:29
Фото: 
Идивиди

најчитано сега