Борко Ристовски: Додека добивам повик, јас ќе бранам за репрезентацијата!
Македонија не ја оствари целта и со една победа и два порази го завршува настапот на ЕП 2020 без пласман во главната фаза. Голманот Борко Ристовски откри дека и натаму ќе го брани голот на нашата селекција.
„Се додека ме вика селекторот и се додека јас имам сила, за македонската репрезентација секогаш ќе бидам тука, на располагање“ – рече Борко Ристовски.
Следен предизвик за нас ќе биде првиот бараж за Светското првенство во Египет во април.
извор: 24rakomet.mk
14.01.2020 - 22:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа