ВИДЕО: Ибрахимовиќ испрати порака до болното момче од Босна - еве што му кажа

 

Приказната за малото момче од Босна, Хајрудин, кој боледува од тешка болест и на кој докторите му предвидуваат уште еден месец живот, дефинитивно ја потресе балканската јавност.

Последна желба на момчето беше да се види со Златан Ибрахимовиќ, но фудбалерот изјави дека е премногу зафатен да го напрви тоа, па му испрати дрес и играчки. Сепак, мајакта на момчето бурно изреагира на овој гест на Ибра, изјавувајќи дека не ги сакаат неговите пари за нивното дете кое умира, туку него. 

Фудбалерот на ПСЖ се реши преку видео-порака да му се обрати на малото момче: - Здраво Хајрудин, јас сум Златан. Откако слушнав, мислам многу на тебе. Извини што не мoжам да дојдам, но имам еден мал подарок за тебе, вели Ибрахимовиќ

Пораката можете да ја слушнете во продолжение.

15.10.2013 - 16:53

најчитано сега