Утре дожд ветер и грмежи - не излегувајте без чадор
Времето утре во Македонија ќе биде облачно и нестабилно, а пообилни врнежи од дожд ќе има во западните и северните делови. Во вечерните часови ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за пет до шест степени.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 16 до 22 степена.
Во Скопје времето ќе биде облачно, со повремен дожд и со услови за појава на грмежи. Во вечерните часови ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
15.10.2013 - 16:44