Украл градски автобус и ги возел патниците на 2 промили алкохол

 

24 годишно момче од Белград, утрово околу 5 часот украло градски автобус кој сообраќал на редовната линија и откако успеал да се повози неколку километри се удрил во паркирани автмобили. Како што јавуваат белградските медиуми момчето успеало да го искористи невниманието на возачот и да влезе во автобусот додека тој чекал на автобуската постојка со вклучен мотор. По неколку километри момчето удрило во паркирани автомбили, а за среќа никој од неколку патници не биле повредени. Полиијата веднаш го уапсила а при алкотестирањето се утврдило дека 24 годишното момче имало над 2 промили алкохол во крвта. Веднаш му бил одреден 48 часовен притвор

најчитано сега