Во Куманово никна ново спортско игралиште
Кумановчани добија ново место за спортување и забава. Во подрачното основно училиште „Кочо Рацин“ во село Орашац, денеска беше пуштено во употреба новото спортско игралиште.
Се работи за игралиште кое зафаќа површина од 200 метри квадратни наменето за развој на мали спортови, фудбал, ракомет, кошарка вредно 22 илјади евра.
- Со пуштањето во употреба на овој објект учениците добиваат терен каде што квалитетно може да се изведува наставата по физичко образование. Освен учениците,теренот ќе може да го користат и локалното населние од овој крај, нагласи градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.
ДИректорот на училиштето денеска на пуштањето на игралиштето во употреба изјави дека ќе се овозможи квалитетно изведување на наставата по физичко образование: - Наскоро, на игралиштето ќе бидат поставени и кошеви и други реквизити, со што ќе добиеме квалитетна настава за предметот физичко воспитание. Настојуваме да имаме добра инфраструктура. Сметам дека овој спортски терен има голема вредност за учениците, како и за месното население, рече директорот Драгиша Цветковиќ.