Честитка од поглаварот на ИВЗ по повод Курбан Бајрам
Поглаватарот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи испрати честитка по повод празникот Курбан Бајрам.
- Курбан Бајрам е празник на славење на извршувањето на петти исламски столб-Хаџот, кој во едно е собир на сите муслимани во светите места, а меѓу нив хаџии и од нашата земја. Затоа овој празник треба да се користи за извршување на пораките на нашиот заеднички Створител, а тоа е да се запознаеме меѓу себе, да чиниме добро и да се сакаме а не да се мразиме, вели во пораката до верниците по повод Курбан Бајрам поглаварот Исламската заедница.
Тој порача дека кај Алах не стигнува ниту месото нику крвта на курбанот, туку само верување и побожноста на верниците.
- Вие што имате материјална можност да колите Курбан, чинете го тоа во име на Возвишениот Алах и овој празник ќе биде по свечен низ вашето приближување и солидарност, немојте да дозволите вашиот брат, вашиот комшија, вашиот пријател и сиракот да ја чувствуваат вашата негрижа. Заборавете ги вашите меѓусебни несогласувања, раздори и заговори, затоа, смирувајте, честитајте и однесувајте на исламски начин, рефлектирајте од светлото на вашето верување за да го постигнете задоволството на Возвишениот Створител, стои во пораката.