Тројца стоматолози останаа без лиценца за работа

По извршениот инспекциски надзор од Државниот и санитарен инспекторат на Република Македонија, тројца стоматолози добија отказ од јавното здравство и ја загубија лиценцата за работа. По надзорот кој бил извршен на 12 минатиот месец, д-р Мила Јамаковска, д-р Ковачевска и д-р Јанкуловски биле затворени 30 дена поради  вршење на стоматолошка дејност во јавното здравство и во приватни здравствени ординации.

- Според законот, оние кои се вработени во јавна здравствена организација можат да работат дополнително само тогаш кога јавната здравствена организација ќе склучи договор со приватната. Се друго е незаконски и подлежат на санкции кои се дадени во Законот за здравствена заштита, рече на денешната прес-конференција претседателот на Стоматолошката комора на Македонија, Марија Накова.

Таа додава дека на 24 септември Стоматолошката комора добила предмет известување од Државниот здравствен и санитарен инспекторат за извршениот увид и инспекциски надзор и побара од Комората да го примени членот 132 од Законот за здравствена заштита.

- Стоматолошката комора ги свика на 5 октомври своите органи и тела и им го презентира доставениот извештај од Државниот санитарен инспекторат. Ја разгледавме законската регулатува и постапивме по нејзините надлежности, на лицата кои се најдени на работа во приватни здравствени организации, а работат во јавната здравствена установа Универзитетски стоматолошки клинички центар, привремено им се одземаат лиценците за работа, во согласност со членот 222 и членот 132 од Законот за здравствена заштита, рече Накова.

Стоматолошката комора на Македонија брои 3.500 членови со лиценци. Инаку, лиценците привремено се одземаат на четири години.

14.10.2013 - 12:36
Фото: 
куманововњуз

најчитано сега