Живее на клупа во Државна болница и бара помош - помогнете му на ова младо момче

Останал без неговите родители, за подоцна да ги загуби и неговите баба и дедо. 22 годишниот Мемиш Гарп од Пробиштип во моментов нема покрив над глава и моли за помош, пренесува Вест.

Ова младо момче пред седум години ги изгубило најблиските и оттогаш нема постојано живеалиште. Веќе три години е на клу­па во Др­жав­на­та бол­ни­ца во Скоп­је.

Гарп е лесно да го препознаете. Ли­це­то му е по­мод­ре­но, но­си из­вет­ве­ни пан­та­ло­ни и блу­за, кои но­ќе ги користи ка­ко ќе­бе. Ја­де са­мо тол­ку кол­ку што ќе му да­дат од окол­ни­те про­дав­ни­ци­те и ка­фе­а­ни.

-Се­га клу­па­та е мо­јот дом. Пр­во ос­та­нав сам на овој свет, а по­тоа и без пок­рив над гла­ва­та. Мо­рав да дој­дам во Скоп­је, оти во Про­биш­тип имав го­лем при­ти­сок од вуј­ко ми, кој ме из­бр­ка од ку­ќа­та и не ми да­ва ни­ту ед­на со­ба, ко­ја за­кон­ски ми сле­ду­ва од мо­и­те ро­ди­те­ли. Меѓутоа јас немам пари за да докажам дека сум законски наследник. Ме мал­тре­ти­ра­а на се­ка­ков на­чин и за да се спа­сам, мо­рав да за­ми­нам от­та­му. До­се­га ни­ту тој ни­ту не­кој друг од не­го­во­то се­меј­ство ме по­ба­рал, ве­ли Гарп, пренесува Вест.

Кога ја напуштил родната куќа, Гарп престојувал кај пријатели во Пробиштип, кои, како и вујко му, го чу­ва­ле до­де­ка ја зе­мал пен­зи­ја­та од ро­ди­те­ли­те до 18 го­ди­ни, а потоа мо­рал да за­ми­не и от­кај нив.

-До­де­ка имаа ќар од ме­не, ме др­жеа со нив. Јас ме­сеч­но до­би­вав по 6.000 де­на­ри од др­жа­ва­та. Па­ри­те ги зе­маа тие, де­мек да ги тро­шат за мои пот­ре­би, а ме пра­ќаа со де­сет де­на­ри на учи­лиш­те. И се­га сум на ули­ца и сум гла­ден и смрз­нат, но ве­ру­вај­те, ниш­то по­доб­ро не ми бе­ше и до­де­ка бев кај нив, вели Гарп за Вест.

Гарп сеуште има надеж во добрите луѓе, па верува дека неговата животна приказна ќе заврши со среќен крај.

-Ко­га ќе си лег­нам на клу­па и ќе ги зат­во­рам очи­те, со­ну­вам де­ка ут­ро­то ќе ги до­не­се си­те доб­ри лу­ѓе, кои ќе ми по­мог­нат да нај­дам ед­на со­ба. Дру­го е ко­га се има пок­рив над гла­ва­та. Имав сре­ќа да нај­дам ра­бо­та ка­ко гра­деж­ник и чу­вар, и по­на­та­му ќе про­дол­жам сам да се сна­о­ѓам, со Бож­ја по­мош, мо­ли Гарп.

Те­ле­фон­ски­от број на Гарп, кој му е да­ден на прив­ре­ме­но ко­рис­те­ње, е 071 221 048. Тој апелира до си­те лу­ѓе кои мо­жат да по­мог­нат на ка­ков би­ло на­чин, да му се ја­ват.

-Ми тре­ба­ат па­ри за да мо­же да из­ва­дам до­ку­мен­ти за да под­не­сам ба­ра­ње за со­ци­ја­лен стан. Тоа се не­ка­де око­лу 6.000 де­на­ри. Та­ка ми ја­ви­ја од Ми­нис­терс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка. Без нив, не мо­жам ни­ту да ап­ли­ци­рам ни­ту да се на­де­вам на свој дом. Са­мо тол­ку ба­рам, цели Гарп.

Извор: Вест

14.10.2013 - 10:11
Фото: 
вест

најчитано сега