Секој што ќе запали државно знаме на спортски натпревар ќе оди во затвор

Затворска казна за палење на државното знаме по спортските терени. МВР предлага измени во законската регулатива со кои ќе се спречи насилното однесување и инцидентите пред, за време и по спортските натпревари.

Без лична карта љубителите на спортот нема да може да купат билет за да го следат натпреварот во живо. Клубовите пак ќе треба да изготват листа на навивачи кои редовно ги бодрат од трибините, евиденција на бројот на  навивачи ќе треба да водат и националните  федерации.

Седиштата ќе бидат нумерирани а ќе има и посебен влез и излез за гостинските навивачи.

Гостите ќе треба однапред да го најават бројот на навивачи кои ќе допатуваат со нив , а истите ќе бидат  сместени во посебен дел од трибините со ограда одвоени и обезбедувани од полицијата. 

Доколку  решат да патуваат во сопствена режија ќе подлежат на санкции. Навивачите кои ќе се најдат на листата на хулигани кои претходно предизвикале инцидент на трибините нема да може го следат натпреварот.

Според однапред изготвената евиденција на организаторите на спортските настани МВР ќе го одреди и бројот на редари кои ќе го обезбедуваат натпреварот.

Статистиката покажува дека во Македонија постепено се зголемува бројот на инциденти што е резултат на хулиганското однесување на навивачите.

Дури 67 проценти од инцидентите се предизвикани за време на фудбалски меч меѓу екипите Вардар, Шкендија и Тетекс. Навивачите пак на  МЗТ , Работнички и Фени кошаркарите ги бодрат во придружба на силно полициско обезбедување .

Гостите ќе треба однапред да го најават бројот на навивачи кои ќе допатуваат со нив , а истите ќе бидат  сместени во посебен дел од трибините со ограда одвоени и обезбедувани од полицијата.

13.10.2013 - 21:20

најчитано сега