Скопска Кисела Вода во црно: Трагична ергенска вечер за пет скопјани

Трагичен крај за ергенската вечер на братучедите Александар и Борче Стаиќ, Горан Ѓоргиев, Живко Колев и Филип Биркаш на возраст 27 и 28 години. Враќајќи се од забавата на својот билзок пријател, по Јужниот булевар возеле со неверојатни 240 километри на час. 

-Тага, болка и молк затекнавме во домот на братучедите Александар и Борче во Кисела Вода. На истата улица е и домот на Горан. Другите две момчиња живееле во Гази Баба. Роднините и пријателите на момчињата велат дека тие ноќеска се враќале од забава во чест на пријател кој треба да се жени, пренесува Канал 5.

Утрово во трагична сообраќајка кај Рампа во Скопје, загинаа 5 лица.

Фотографии од сообраќајката погледнете тука

Видео од извлекувањето на возилото погледнете тука

11.10.2013 - 20:21

најчитано сега